
Едукативен и креативен
дневен центар
ЧАДОРЧЕ
Каде по училиште?
Кој ќе пишува домашно? Кога ли ќе се учи?????
А, странски јазик?
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК !!!
Што со децата пред и по училиште???
Сите ние сакаме на нашите деца да им го дадеме најдоброто во секој сегмент на животот, најквалитетно да им го исполниме времето и да им помогнеме да израснат во здрави, добри и успешни луѓе. Со нашето темпо на работа од 8 до 18, дали имаме можност, време? Со еден куп обврски, што работни, што домашни, имаме ли сила, трпение?
И после се, кога ќе се вратиме од работа во 17 часот, потребно е да се подгрее ручекот, да ручаме, дада раскренеме, да се вклучат машини, а да, претходно да се испразнат оние од синоќа, нешто да се запеглаили ако не е денот за пеглање, тогаш да се испазари и со еден џогер да се пројде.... и веќе е 20 часот.
А децата? Каде ни се тука децата?
Нели требаше денес на англиски?
Не,не, денес на музичко, утре е англиски, а во четврток...
А, кошарката кога беше?
Домашна не напишавме, а за учење да не зборуваме. Ајде, тоа може и после 21 часот, набрзина ќе поминеме се.Или утре пред школо сами ќе напишат и научат.
И така, се до првта родителска средба на тромесечје, каде што ќе се соочиме со реалноста и ќе ни биде укажано, дека кај нашите деца во континуитет се евидентирани пропусти во совладување на потребниот материјал, како и недоволна посветеност и концентрација на часовите, што се должи на заморот предизвикан од пишување на домашната во доцните вечерни часови.
Ах, таа златна целодневна, ја нема веќе во четврто одделение. Си го земаш детето од училиште со сите обврски завршени, најадено, наиграно, со еден збор задоволно и спремно за наредниот училишенден.
Од оваа учебна година, во населба Аеродром нашите деца пред и по училишните часови ќе ги згрижува Првиот едукативен и креативен дневен центар ЧАДОРЧЕ . Тука ќе ги завршат обврските кон училиштето, ќе се забавуваат, ќе ја развиваат креативноста и нормално ќе каснат ужинка. Децата ќе бидат групирани во хомогени возрасни групи, како би можело да се работи со секоја возраст според потребите. Најважно за почеток е да се згрижат учениците од четврто и петто одделение, оние, кои сеуште не се подготвени да се грижат за себе и им е потребен надзор и помош да си ги завршат обврските, а во исто време им треба игра и дружење со врсниците. Во едукативниот центар ЧАДОРЧЕ ќе го добијат сето тоа од соодветно образуван и искусен кадар, расположен своето внимание да го посвети на децата во предпубертетски развој.
Дневниот центар работи во две смени, наутро, почнувајќи од 7.30 часот, родителите, одејќи на работа ги оставаат своите деца, вработените во центарот во соодветно време ги носат на училиште, а во исто време од училиште ги земаат децата кои биле прва смена. Овие дечиња остануваат во центарот додека мама или тато не дојдат да ги земат, ама не подоцна од 18 часот. Во сабота дневниот центар исто така работи, во договор со родителите.
Тука ќе ни дојдат наставнички од лиценцирано училиште за странски јазици, па во зависност од потребите на учениците ке учиме англиски, германски или некој друг јазик. А учениците кои имаат потешкотија со некој предмет, ќе може да добијат дополнителни часови за да им се олесни учењето.
Ете така ќе имаме задоволни деца, напишана домашна, научени лекци, родители без училишни грижи и повеќе време да поминеме едни со други и да бидеме среќни.

Вести:
Почнуваме на 10-ти септември, уписите се во тек...
Август 22, 2014
Бројот на места е ограничен, контактирајте не...
Август 22, 2014